Skip to main content

Македонскиот народен театар и Националната опера и балет потпишаа Меморандум за соработка

Денеска на 30 јануари 2025 година, директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, беше во официјална посета и оствари средба со директорот на Националната опера и балет , Оливер Арсовски, каде што се потпиша Меморандум за соработка меѓу двете институции.

Во согласност со изразената желба на двете институции за развивање партнерски односи, дефинирање на конкретни програмски активности, како и подобра соработка во областа на стручен кадар или кадар на обука или дообука во доменот на сценско-техничките активности за време на подготовки или изведби на театарски, музичко-сценски дела или други изведби, алати, машини, материјали и помошни средства за изведување на конкретни потреби на работилниците за изведба на сценографски, бутафористички или други помошно-технички средства за продукција на театарски, музичко-сценски и други изведувачки дела, сценографски елементи, костими, реквизита, техничка (аудио, видео, светлосна и друга) сценска опрема потребна за изведби на дела од тековен репертоар, гостувања или фестивали со цел афирмација на културата. Сцени, сценски простор, помошно-технички простории, фундус и магацински простор, како и развивање и управување со проекти финансирани од Европските фондови.

Поврзани вести