
Македонскиот фудбалски првак Вардар на стартот од квалификациите од Лигата на шампионите ќе игра против екипата на КуПС од Финска.
„Црвено-црните“ првиот натпревар ќе го играат на домашен терен, а како термин е одреден 7.јули на Националната Арена. Почетокот на дуелот е во 19 часот. Реванш дуелот е седум дена подоцна во Финска.
Тоа нема да биде единствен противник за Вардар. Доколку македонскиот првак ја мине првата пречка ќе игра со победникот од дуелот Сабах – ТНС, а доколку биде елиминиран „продолжува“ во конференциската лига и ќе игра против Арарат или Рига.

Македонски



