Skip to main content

Македонскиот национален балет по спектакуларната изведба на „Патување“ во Турција доби покана за гостување на 40. јубилеен Музички фестивал во Анкара

Национална опера и балет

На 7 април, Македонскиот национален балет гостуваше во Анкара, со премиерата на балетската премиера „Патување“ (современ балет) во кореографија на Џан Арслан (Турција), соопштија од Националната опера и балет.

На ова гостување, менаџерот на операта и балетот, Киро Павлов, заедно со државниот секретар на Министерството за култура и туризам, Марија Станчевска Ѓоргова, оставарија средби со претставници на Хрватската и Словачката амбасада во Турција за проширување на соработката во областа на уметноста и претставуваање на балетот со класични и современи балетски дела од репертоарот.

Нашата делегација оствари разговори и за соработка со другите сектори во областа на уметноста, како за камерниот оркестар, така и за солистички концерти на оперските солисти.

По завршување на фестивалот добивме покана повторно да бидеме дел од 40. јубилеен Музички фестивал во Анкара.

Поврзани вести