Skip to main content

Љутков: Интензивно ќе продолжиме да работиме со програмата за инвестиции

Со програмата за инвестиции, оваа година интензивно ќе продолжиме да работиме на изградбата на театарот и библиотеката во Тетово, НУ Турски театар во Скопје и „Стар театар“ во Струмица, а ќе продолжиме и со реконструкција на објектот на театарот при НУ Центар за култура во Куманово, информираше министерот Љутков на денешната прес конференција.

Годинава ќе започнеме и со реконструкција на објектот на НУ Музеј на Македонија и со реконструкција – санација и адаптација на објектот на поранешното кино „Партизан“ во Битола при НУ Народен театар – Битола.

Во годишната програма, исто така, се предвидува и: санирање на проодните тераси на објектот на Македонскиот народен театар во Скопје, санација на делови од објектот на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, како и санација на покривот на стариот дел од објектот на НУ Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а ќе бидат целосно завршени санацијата и градежните активности на просторот наменет за НУ Џез-оркестар – Скопје.  

Во тек е реализацијата на проектот за реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје, кој е во постапка на промена на инвеститор, а по претходно одобрение од Владата, а тоа е, исто така, предвидено со оваа програма. Во тек е  објавениот тендер за градежно-конструктивни елементи, односно за испитување на челичната конструкција.

Поврзани вести