Skip to main content

Лилјана Стоилковска гостува во Охрид со монодрамата „Љуба“

Утре, петок од 12.00 часот во Големата сала на Општина Охрид гостува Лилјана Стоилковска со перформансот  на монодрамата „Љуба“ од позната македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова.

Лилјана Стоилковска, познатата поранешна спикерка од МРТВ, актерка, пејач и писателка, член на Друштво на писатели на Македонија, вели дека со премиерата на монодрамата во Скопје а сега и со изведбите низ цела држава го исполнува аманетот од авторката Мисиркова – Руменова.

Сценариото и режијата се на Стоилковска а реч за писателката ќе одржи д-р Васил Тоциновски.

Поврзани вести