
Во црквата „Св. Софија“ во Охрид се одржа свечениот концерт „Македониум“, кој беше поддржан од Општина Охрид, како дел од празничната програма посветена на одбележувањето на 35 години од независноста на Република Македонија.
На концертот настапија истакнатите музички уметници Соња Шуплевска – виолина, Марија Јаќимовска – флејта, Петар Колевски – кларинет, Орце Ицкоски – фагот и Давор Јордановски – пијано и автор на музиката.
Концертот беше посветен на македонското музичко творештво и одбележувањето на значајниот јубилеј, при што беа изведени дела од македонската музика.

Македонски


