
Украинската тенисерка Елина Свитолина објави денеска дека се разведува од францускиот тенисер Гаел Монфис по пет години брак.
„Ова е најтешката работа што некогаш сум ја споделила“, објави Свитолина на социјалните мрежи, откривајќи дека војната во Украина имала длабоко влијание врз нејзината емоционална состојба.
„Гаел беше со мене низ моите најголеми радости и најтемни моменти, и го сакав од сè срце. Со текот на времето, сфатив дека морам да го најдам патот назад кон себе и дека не можам да го направам тоа во рамките на нашиот брак“, додаде Украинката.
Свитолина нагласи дека разводот не е ничија вина и оти нивната ќерка Скај ќе остане приоритет.
„Нашиот брак завршува, но нашето семејство не. Ние секогаш ќе бидеме нејзини родители, еден покрај друг на секој чекор од нејзиниот живот“, порача украинската тенисерка.
Свитолина (32) и Монфилс (40) се венчаа во јули 2021 година во Женева, а нивната ќерка Скај се роди во октомври 2022 година.
Шесторангираната тенисерка во светот го одигра својот последен натпревар во петокот, кога беше поразена од Британката Сонај Картал во четвртфиналето на ВТА турнирот во Вухан.
Во меѓувреме, Монфилс официјално се повлече од професионалниот тенис на 40-годишна возраст на почетокот на октомври, ставајќи крај на професионалната кариера што траеше повеќе од две децении.

Македонски

