
Средношколец бил нападнат, а напаѓачите му се заканиле и со пиштол во инцидент кој се случил вчера за време на голем одмор.
Како што соопшти МВР, вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје, Р.С.(41) од Скопје пријави дека на голем одмор пред средно училиште на подрачје на Шуто Оризари, каде што учел, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од две лица, од кои едниот извадил пиштол, но не пукал.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонски

