Skip to main content

Со свечен концерт на квартетот „Стринџендо“, Македонскиот КИЦ во Истанбул ја одбележа 35-годишнината од независноста на Република Македонија

Вчеравечер во Истанбул, со свечен концерт на квартетот „Стринџендо“, Македонскиот културен центар свечено ја одбележа 35-годишнината од независноста на Република Македонија.

Во прекрасна атмосфера, пред бројна публика, македонската музичка традиција прозвучи заедно со познатите мелодии од турското музичко наследство, уште еднаш потсетувајќи нè колку музиката ја има моќта да не поврзува.

Настанот свечено го отворија Генералниот конзул на Македонија во Истанбул, г. Идрис Фазлиоски, и директорот на Македонскиот културен центар во Истанбул, Диме Ратајкоски.

Упатуваме огромна благодарност до членовите на квартетот „Стринџендо“ – Наташа Лазаревска, Олгица Шундиќ, Љупка Каевиќ и Андреја Наунов – за концертната изведба со која македонската музичка традиција беше претставена пред истанбулската публика.

Искрена благодарност и до Културниот центар „Тарик Акан“ – општина Бакрќој за гостопримството и до Здружението на Румелиите, за придонесот во реализацијата на настанот.

Најголема благодарност, секако, до сите наши гости, пријатели и посетители кои беа дел од оваа свечена вечер.

Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија!

Поврзани вести