Skip to main content

Мектоминај има блага срцева аритмија

 Актуелниот италијански вицешампион Наполи објави денеска дека неговиот 29-годишен фудбалер од средниот ред Скот Мектоминај бил подложен на успешна операција на срцето.

Дваесетидеветгодишниот шкотски репрезентативец беше подложен на процедурата откако минатата недела му беше дијагностицирана блага срцева аритмија.

„Како што беше планирано, Скот Мектоминај беше подложен на аблација утрово – операцијата беше целосно успешна. Мектоминај ќе биде надвор од теренот околу две недели пред да продолжи со тренинзите“, се вели во соопштението на Наполи.

Шкотскиот фудбалер ќе го пропушти првиот натпревар на Наполи од групната фаза во Лигата на шампиони против Арсенал, в среда, како и натпреварите во калчолигата против Болоња и Фиорентина.

Поврзани вести