Skip to main content
СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ

СДСM и Филипче сами се препознаа во талогот во општеството

Претседателот на владата христијан Мицкоски никаде во својот говор на 8ми септември не ги спомена ниту нарече СДС и Венко Филипче за талог во општеството, велат од ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ дека премиерот во говорот за Денот на независноста ги нарекол талог.

Очигледно сами си се препознаа. Но тоа е фројдовскиот синдром кај СДС затоа што и тие знаат дека се фабрика за нихилизам, и поделби, кои дури и од прославата за 8ми септември сакаат да направат поделби и расеат омраза. Нивните фрустрации и завист се на најголемо и највисоко ниво. И затоа воопшто не сме изненадени што самите се пронајдоа во терминот талог.

Поврзани вести