В петок, на 31 јануари, во 20 часот на сцената од театарот „Војдан Чернодрински“ ќе биде изведена претставата „Како што сакате“ (Ноќ спроти Водици) во режија на Срѓан Јанаќијевиќ на Кумановски театар, кој ќе гостува во прилепскиот театар.
Во претставата играат: Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Антонио Димитриевски, Нина Максимова, Анастасија Величковиќ, Александра Пешевска, Давид Илиќ и Никица Јанковски.
Драматург е Симона Тоскиќ, сценограф е Марија Ветеровска, костимите се на Лидија Георгиева, а музиката е на Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски.
„Како што сакате“ е современа адаптација на драмата на Вилијам Шекспир „Ноќ спроти Водици“, опишана како негова најсмешна комедија.
Вртлог на згрешени идентитети и невозвратена љубов. Никој не е она што е и сѐ е возможно. Зошто таа замена на родови идентитети е толку смешна во театарот со векови, а толку застрашувачки сериозна, а понекогаш и брутално трагична во реалниот живот. Кај Шекспир, тоа е едноставно: машко или женско? Како што сакате“, стои во најавата на претставата.