Skip to main content

Концерт на женскиот младински хор „Менада“ и групна изложба со наслов „Два конца парај“ вечерва во Македонскиот КИЦ во Белград

Министерство за култура

Mакедонскиот женски младински хор „Менада“ од Тетово, кој долги години со гордост ја носи титулата „амбасадор на македонското хорско пеење“, ќе одржи концерт на 11 април во 19:00 часот во македонскиот Културно-информативен центар во Белград. Хорот „Менада“, предводен од маестро Ивица Зориќ, ќе се претстави со 50-минутна музичка програма, која во најголем дел ќе содржи духовна музика, а ќе бидат исполнети и неколку македонски евергрин композиции.

Истата вечер ќе биде отворена и групната изложба со наслов „Два конца парај“, на која со свои дела ќе се претстават 24 уметници, кои се своевиден мост на поврзување и пријателство меѓу македонската и српската ликовна уметност и култура. КИЦ Белград и соработниците: Друштвото на ликовни уметници „Македонци во Србија“, Галеријата „M“ и Фондацијата „Нушиќ“, избраа 50 дела од сите генерации уметници, кои најголем дел од својот животен век твореле во Белград и во Србија.

Ова се првите настани што се организираат во КИЦ Белград, кој е сместен на улица „Македонска“ бр. 30, а официјалното отворање се планира за мај.

Поврзани вести