Skip to main content

Изложбата „Нурни во мене“ на Сашо Блажес ќе биде отворена вечерва во Куќата на Робевци

Самостојната изложба „Нурни во мене“ на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес ќе биде отворена во Куќата на Робевци на 1 август во 20 часот.

По самостојните излагања во Париз и во Венеција минатата година, како и во и Австрија и Италија во изминатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба којашто беше претставена во Музејот на град Скопје, а на 1 август ќе биде поставена во Куќата на Робевци во Охрид. Изложбата го носи насловот „Нурни во мене“, а куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Националната галерија од Скопје. Критички осврт и текст за изложбата имаат напишано Камило Ракана, куратор од Париз, и Маја Чанкуловска.

Сашо Блажес е роден во 1980 година во Охрид, каде живее и работи. Дипломирал во 2006-та година на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија, како еден од најдобрите студенти во својата генерација. За време на магистерските студии (2006-2008) бил вклучен од  катедрата за графика во изготвувањето на неколку универзитески трудови од областа на графиката и графичките техники на Универзитетот. Зад себе има реализирано шестнаесет самостојни изложби во Македонија и во странство, а има учествувано на бројни групни изложби во  Австрија, Германија, Романија, Шведска, Јапонија, САД, Канада, Италија, Бугарија. Негови дела се наоѓаат во приватни колекции во Норвешка, Франција, Германија ,Романија и Австрија.

Поврзани вести