Skip to main content

Изложбата „Бекет е со нас“ во МСУ

Изложба: БЕКЕТ Е СО НАС
Отворање 18.07.2025 во 20:00 ч.

Уметници: Вана Урошевиќ – Зоран Тодовиќ, Марија Ќалиќ и Никола Шуица

Оставината на Семјуел Бекет (1906 – 1989) ги содржи во себе нурнувањата на секоја единка од човечкиот род. Низ неговиот глас и низ неговите описи, тривијалноста на секојдневјето се крева како одговор од длабочините на просторот и времето. Записите, романите и драмите се втиснуваат посредно во последиците на искуствата што ги стекнала современата визуелна уметност. Слоевитите детали носат во себе алузии и митови, пренесувајќи ја згуснатоста низ немирите и восхитите, а со нив и безнадежената осаменост и енергијата на паметењето.

На европската мапа на културата, Бекетовото влегување во регионот на Балканот, со геополитичките промени, почнало рано – со илегалната белградска поставка на неговата драма „Чекајќи го Годо“ во 1955 година. Ги препознавама димензиите на светот и на издржливоста низ неговите зборови: „Да се даде израз на тоа дека нема ништо за изразување, како и дека нема ништо со што тоа би се изразило, дури и ништо од што би се тргнало кон изразувањето, при што не постои ни моќ ни желба за изразување, а сепак останува обврската – да биде изразено“.

Во нестабилноста на 21-иот век видливо се проширило оправдувањето на Бекетовите трагикомични поставки. Соочувањето со мрачните тајни ги прераснува активните неурози на информациите и на ударните вести изразени со широкиот распон на апсурдните инциденти, опасните односи и нашата немоќ.

Делата на изложбата „Бекет е со нас“ им нудат на гледачите повеќе сложени структури. Уметниците ги трансформираат вообичаените изгледи на предметите и на амбиентите создавајќи вистински текстури на вицерално вознемирувачките представи.

Поврзани вести