
По повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, во холот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје е поставена изложба на избран фонд од Библиотеката.
Изложениот фонд датира од 1875 година до денес.
Ова е ретка можност да разгледате ексклузивна изложба во која е претставен дел од збирката Ретки и старопечатени книги, збирката Ретки сериски публикации, збирката Архивски примерок и дел од општиот фонд при Националната библиотека на Македонија.
Изложени се оригиналите: „За македонцките работи“, Тријазичникот, „Сердарот“, „Бели мугри“, првиот Буквар со читанка, првата Граматика…
Изложбата може да се види најдоцна до 16 мај во работното време на Библиотеката, а влезот е слободен.