Skip to main content

Изложба на фотографии ,,Во пресрет на рускиот цар, Романови – царско служење” во Струмичката градска галерија

Денес, во Струмичката градска галерија, со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии ,,Во пресрет на рускиот цар, Романови – царско служење”.

Изложбата е по повод 107 години од смртта на царското семејство. Фотографиите се од личниот царски албум и поголемиот дел од нив до сега не биле објавени и видени.

Изложбата е во соработка со Елеуса Фондација и Сретенскиот манастир од Москва.

Во рамките на настанот е предвидена и мала културно-уметничка програма.

Изложбата е од ХУМАНИТАРЕН КАРАКТЕР, ќе бидат поставени кутии за донации и секој посетител ќе може да донира средства кои ќе бидат употребени за помош на луѓе на кои им се потребни.

Поврзани вести