Skip to main content

Интезивно работиме на нов Закон за заштита на културното наследство, вели министерот Љутков

Министерството за култура и туризам ги усогласи сите закони од областа на културата со измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа, информираше Љутков.

Со измените на Законот за културата, кои вчера беа донесени, се овозможува на  повеќе од 170 уметници  трајно да им се реши работниот статус, односно  работниот однос кои го засновале во установата на определено време  за 5 години,   од 01.01.2025 година  ќе им се трансформира на неопределно работно време.

Исто така, со измените на Законот за културата, се овозможи во Годишната програма за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти, која ја донесува Министерството за култура и туризам, по претходна согласност од Владата на Република Македонија, покрај националните установи да може да бидат опфатени и локалните установи од областа на културата. Оваа измена ни овозможува да ја подобриме и локалната инфраструктура во културата.

Интезивно работиме на нов Закон за заштита на културното наследство, кој се очекува да биде ставен на јавна расправа во март 2025 година.

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibom