Skip to main content

„Имагинативен реализам“ – втора самостојна изложба на младиот ликовен уметник Емил Николовски

„Имагинативен реализам“, поставена во Културниот дом АСНОМ во Гостивар, е втора самостојна изложба на младиот ликовен уметник Емил Николовски, прeтставник на младата генеранија автори кои репрезентираат еден ликовен јазик својстен на времето во кое ја создаваат автентичноста и индивидуализмот на ликовното творештво.

Николовски дипломира на Факултетот за ликовни уметности (2016 година) отсек сликарство во каласата на професорот Антониј Мазневски, а по завршувањето на студите се стекнува со знаење од областа на класичното сликарство кај проф Стефан Георгиевски. Во 2023 година изучува класично сликарство, Техники и технологија во „The Florence Academy of Art“ во Фиренца, Италија.

Реализирал две самостојни изложба и неколку групни изложби.

Во неговиот творечки опус – изложбата на дела насловени како Имагинативен реализам, авторот ни открива бајковит иманентен свет, имагинарен, но ликовно трансформиран во објективната реалност. За него, ликовниот критичар Jасмина Котевска ќе каже:

Имагинацијата и реализмот се два клучни елемента во сликарството на Емил Николовски, во кое имагинативното и реалноста се испреплетуваат и ги откриваат неговите сликарски капацитети, креативната фузија, умеењето, но и смелоста да работи во време на пост модернизмот, во доменост на сликарството кое се служи со реалистичен приказ при обликување на формите давајќи им посебна особеност како сликар“.

Поврзани вести