Skip to main content

Годишна изложба на ДЛУП во ликовната галерија на „Марко Ценепнков“

Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп

На 10 октомври (петок) во 18.30 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп ќе биде отворена годишната изложба на ДЛУП за 2025 година. Изложбата е дел од програмата на Центарот за 2025, поддржана од Министерството за култура и туризам, и е дел од програмата по повод празнокот 11-ти Октомври. ( 10 дена ќе биде изложбата во галеријата).

Годинава својата креативност ќе ја изразат 13 уметници, членови на ДЛУП, кои ќе се претставаат со творештво во различни техники и материјали преку кои ја прикажуваат својата креативност во подем – вели Маја Ралева Миладиновски од ДЛУП.

На изложбата ќе бидат изложени дела од Филип Перески, Методи Исков, Елена Димоска Николоска, Маја Ралева Миладиновски, Емил Солески, Филип Јовески, Марјан Стојаноски, Верче Николоска, Дарко Талески, Кирил Геговски, Лепа Милошеска, Бојана Артиноска, Славчо Павлоски.