
Филозофското друштво на Македонија денеска на Филозофскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 70 години постоење.
Програмата предвидува промоции на две изданија излезени кон крајот на минатата година: „Историја на естетиката: од Питагора до Хјум“ од акад. Иван Џепароски и 38. број на списанието „Филозофска трибина“.
Од Друштвото соопштуваат дека „Историја на естетиката: од Питагора до Хјум“ ќе ја промовираат проф. д-р Вангел Ноневски и проф. д-р Јасмина Поповска, а кон содржините на 38. број од „Филозофска трибина“ пригодно ќе се осврне м-р Мариглен Демири.

Македонски

