Skip to main content

Ексклузивна изложба „Слика со песна“ во Галерија МКЦ

На 7 мај во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ) ќе биде отворена изложбата „Слика со песна“. Станува збор за ексклузивна јавна презентација на оригинални сликарски дела инспирирани од внимателно одбрани поетски текстови на истакнати македонски автори и поети.

Таа претставува синтеза на ликовната уметност – конкретно сликарството – и поезијата, две уметности кои длабоко комуницираат на емотивно ниво.

Изложбата претставува уникатен културен настан со значење на редок временски артефакт, кој ги обединува ликовната и поетската уметност во нова, трета форма – интермедијален и интертекстуален уметнички јазик. Таа создава креативен дијалог меѓу сликата и зборот, претставувајќи ја оваа симбиоза пред македонската културна, ликовна и книжевна јавност.

Проектот е инициран од Асоцијацијата за култура ИКОН, со поетски избор на академик Катица Ќулавкова и избор на уметници од Климе Коробар.

ИЗБОР НА ПОЕТИ И СЛИКАРИ
Блаже Конески – Рубенс Корубин
Ацо Шопов – Илија Пенушлиски
Славко Јаневски – Васко Ташковски
Матеја Матевски – Зоран Јакимовски
Адем Гајтани – Мели Зенку
Анте Поповски – Костадин Танчев -Динка
Илхами Емин – Газанфер Бајрам
Петре М. Андреевски – Глигор Чемерски
Гане Тодоровски – Павле Кузманоски
Мурат Исаку – Решат Амети
Влада Урошевиќ – Симон Шемов
Богомил Ѓузел – Петар Хаџибошков
Радован Павловски – Димитар Малиданов
Јован Котевски – Ванчо Ѓорѓиевски
Светлана Христова -Јоциќ – Веле Ташевски
Михаил Ренџов – Владо Георгиевски
Ресул Шабани – Невзат Бејтули -Кица
Јован Павловски – Иван Велков
Луан Старова – Фехим Хусковиќ
Петар Т. Бошковски – Мирко Вуисиќ.

Изложбата ќе биде отворена до 17. мај

Поврзани вести