Skip to main content

Долги аплаузи и повици за бис на концертот на Димов и Поповиќ во Белград

Македонски КИЦ во Белград

Долги френетични аплаузи одекнуваа синоќа во музичката сала на Културен центар Београд, каде настапија македонските музички уметници Маја Поповиќ на пијано и Нинослав Димов на саксофон. Со висок професионализам и внимателно одбрана атрактивна програма, Димов и Поповиќ успеаја да ги освојат срцата на белградската публика.

Македонски КИЦ во Белград

На програмата, освен француски и шпански композиции, беа изведени и три композиции за пијано и саксофон од Димитрије Бужаровски.

Македонски КИЦ во Белград

Организатор на концертот беше македонскиот КИЦ во Белград, домаќин на настанот Културни центар Београд, а проектот беше поддржан од Министерството за култура и туризам.

Поврзани вести