Skip to main content

Добитници на Наградата „Вавилон ЗПРМ“ се Тијана Алваџиоска и Иван Доневски за преводот на „Нашите сопруги под морето“ од Џулија Армфилд

На 30 ноември, 2024 г, во свечената сала на Друштвото на писателите се одржи свеченото доделување на Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон ЗПРМ“ за 2024 година, организирана од Здружението на преведувачите и толкувачите на РС Македонија.
Пред присутните се обратија претседателката на ЗПРМ, Лукреција Маљковиќ Атанасовска и претседателот на Организацискиот одбор на „Вавилон ЗПРМ“, Милан Дамјаноски.
На крајот од овогодинешниот конкурс, сакаме да им се заблагодариме на сите млади преведувачи кои се пријавија годинава, нивните преводи беа со висок квалитет и од најразлични прозни жанрови, при што комисијата имаше тешка и одговорна задача да го избере најдобриот превод.
Добитници на Наградата „Вавилон ЗПРМ“ за 2024 г се Тијана Алваџиоска и Иван Доневски за преводот од англиски на македонски на „Нашите сопруги под морето“ од Џулија Армфилд.
Наградата вклучува парична награда од 60.000 денари, објавување на дел од наградениот превод во списанието „Културен живот“, и едногодишно членство во ЗПРМ
Честитки за победниците, како и за сите учесници, веруваме дека ги очекува долга и успешна преведувачка кариера!