Skip to main content

„Бисерите на Мал Битолски Монмартр“ во Ликовниот салон при Центарот за култура „Марко Цепенков“

Денеска, 26 декември од 12.30 часот во Ликовниот салон при центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена 11- та по ред изложбата „Бисерите на Мал Битолски Монмартр“. Ќе бидат претставени дела од светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” во Прилеп во соработка со „Марко Цепенков”. Изложбата на дела од „Мал Битолски Монмартр“ е последна од програмата за ликовна дејност, односно визулени ументости на Центарот за 2024 година, поддржана од Министерството за култура и туризам.

Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола кое работи 57 години низ последните 44 без прекин ја реализира најстарата и најголема светска детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” на која само на конкурсот “Битола” за 2О24 година пристигнаа над 8ОО пратки од исто толку државни и приватни школи од над 85 држави кои генерираат фонд од над 6О.ООО детски ликовни цртежи. Тоа беше и основ во периодот од 23 – 31 мај во Битола да бидат поканети 25 делегации од 22 држави кои учествуваат со над 18О учесници на 43то издание на “Мал Битолски Монмартр” на кој традиционално 7 дена се твореше на темата староградска битолска архитектурата а беа реализирани и еднодневни работни посети на Охрид и 1.ООО годишниот манастир Свети Јован Битолски. Колонијата генерираше над 6ОО дела со што збирот на цртежи од колонијата и конкурсот ја надмина цифрата од 1.5ОО.ООО цртежи за 44 годин