
Секоја сезона во МОБ носи по неколку спектакли што будат посебно внимание, а балетската претстава „Шехерезада“ е токму една од нив, велат од Македонската опера и балет.
Оваа претстава не е само балет или симфониска фантазија, туку е емоционално патување што го освојува секој љубител на балетот.
Зошто вреди да бидете со нас токму на 5 декември?
Музиката на Николај Римски Корсаков е меѓу најпознатите во светскиот репертоар: богата, драматична и магична;
Балетскиот ансамбл при МОБ, ова дело го изведува со страст и дисциплина што ретко се гледа на сцената;
Искуство што го зближува семејството, партнерите и пријателите;
И најважно, секоја претстава е различна, жива, единствена. Ниту една снимка не може да го замени чувството на претставата изведена „во живо“.

Македонски






