Skip to main content

Запалена цигара оставена на душек – причина за пожар во Кавадарци

Запалена цигара оставена на душек, била причина за пожар во Кавадарци, за ваков несекојдневен пожар во кој за среќа, нема повредени, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Синоќа во 19:23 часот во ОВР – Кавадарци, било пријавено дека настанал пожар во домот на Е.А., на возраст од 26 години од Кавадарци. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица – Кавадарци, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци, при што било констатирано дека пожарот настанал од оставена запалена цигара на душек од страна на неговата сопруга, соопштија од СВР-Велес.

Поврзани вести