Skip to main content

Возило ќе се одзема на секој што ќе вози без возачка и нема враќање – ќе се подарува

Измените на законот за безобѕирно управување на мотортно возило, предвидуваат и одземање на возило. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за Канал 5 телевизија рече дека потребно ќе биде техничко усогласување, досега се преклопуваше прекршокот со кривичното дело поради тоа мора да се смени одредбата за безобзирно управување моторно возило, заради тоа што до сега едно исто дејствије беше и прекршок и кривично дело.

Тој вели дека сега се прави динстинкција врз основа на брзината и како безобѕирно управување на моторно возило освен алкохол над 1,5 промили алкохол во крвта, психотропни супстанци, нарокотични стедства, ќе биде и зголемена брзина над 50 во град, над 70 надвор од град, тогаш и да се направи и некоја незгода, од аспкет да биде повреден некој пешак или да биде направена материјална штета, со самото тоа што возите, така каде што во град е дозволено 50, а вие возите 100, се смета дека сте сториле кривично дело. Со самото тоа каде што е дозволено 120, а вие возите плус 70 на отворено се смета дека сте сториле кривично дело.

Министерот вели дека и трките со возила ќе се казнуваат како кривично дело и за Тошкоски како што вели, најмотивирачкото е задолжителното одземање на моторни возила.

Ако управувате моторно возило без возачка дозвола, а притоа тој што е сопственик на возилото вие е родител, брат, сестра и ткн. и го знае фактот дека го управувате возилото, возилото се одзема задолжително.

Тој што ќе управува возило без возачка дозвола, возилото ќе му биде одземено веднаш и враќање нема, вели министерот.

Оној кој што ќе управува моторно возило во рамки на утврдена забрана, значи дадена забрана и повторно уптравува, задолжително се одзема моторното возило.

Оној кој што е управува моторно возило со брзина драстична, ако на пример е дозволен 50, а тој вози 120 во град се одзема возилото трајно и добива кривична пријава.

Нема ништо позначајно од човековиот живот, вели Тошковски.

Тој додава дека кога ќе знаат дека ќе му се одземи возилото трајно и ќе биде доделено на пример на дом на деца без родители, тогаш не верува дека така ќе возат како што се вози сега.

Носењето на измените зависи и од усогласувањето со законот за прекршоци.

Поврзани вести