Skip to main content

Во Тирана уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница

Албанската полиција соопшти дека уапсила 36-годишен македонски државјанин, по кој бил распишана меѓународна потерница за фалсификување на валута, пренесува Еуроњуз .

-Македонскиот државјанин Н.С. (36) е уапсен од полицијата во Тирана, во рамки на операцијата со кодно име „Операција 73“, со цел да биде екстрадиран во Македонија, објави полицијата.

Според извештаите, 36-годишникот бил прогласен за баран и од страна на ДВП Драч, за кривично дело „Кражба“.

„Овој државјанин е прогласен за меѓународно баран откако Основниот суд во Куманово го осуди на 2 години затвор, за кривично дело „фалсификување валута“, се вели во полициското соопштение.

Во меѓувреме, Интерпол Тирана, во соработка со властите на Македонија, ќе ги спроведе постапките за екстрадиција на 36-годишникот.