
На 05.06.2025 година во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода В.В.(35) од Штип, како и А.Р.(23) и М.А.(24) двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана и грутчеста бела материја. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Денеска (06.06.) во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода М.Н.(18) од с.Нов Караорман, општина Карбинци, затоа што при контрола во објект кај неа е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.06.2025 година во 19.25 часот, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода В.Л.(41) од Велес, затоа што му продал НН бела прашкаста материја на И.Д. (37) од Велес и при преглед на И.Д. истата е пронајдена и одземена. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против В.Л. ќе биде поднесена кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од КЗ.