
Вчера во 19.30 часот на автопат А1, Неготино – Градско, во близина на село Црвени Брегови, неготинско, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода Џ.Џ.(19) и М.А.(18), двајцата од Струмица.
При преглед на патничко возило „фиат“со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Џ.Џ., а совозач бил М.А., биле пронајдени 11 лица мигранти од Египет, од кои девет малолетници. Мигрантите биле спроведени во Прифатен центар Винојуг во Гевгелија, а Џ.Џ и М.А. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.