Skip to main content

Во близина на семејната куќа во село Ореше пронајден мртов 60-годишен маж

Во СВР Велес вчера во 08:28 часот било пријавено дека во близина на семејната куќа во село Ореше, Општина Чашка, бил пронајден починат 60-годишниот Т.М. од село Ореше.

Како што информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска, лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.

Поврзани вести