Skip to main content

Внуката ви е тешко повредена, дајте ни 7000 евра да и го спасиме животот: Измамена 76-годишна битолчанка

Во СВР Битола 76-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и се претставило како лекар. Лицето и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да и го спаси животот.

Како што информира МВР, жената заедно со сопругот однеле 7 000 евра и ги дале на едно лице, кое според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена, односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести