Skip to main content

Ужас во Битола, 68-годишен беровчанец во хотел силувал 12-годишно девојче

Фрипик

На 21.09.2025 во 01:45 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.С.(68) од Берово со престој во Битола, поради сомнение за сторено кривично дело по чл.188 ст.1 „полов напад на дете кое не наполнило 14 години” од КЗ. Според пријавеното, тој го сторил делото во хотел во Битола врз 12-годишно девојче.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани вести