
На 09.12.2025 во 21:20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.Л.(31), М.Л.(26) и Д.З.(25), сите од Куманово.
Тие се сомничат дека на 12.10.2025 во с.Горно Којнаре, кумановско, со употреба на сила одзеле делови од автобус. Тие се приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото, информира МВР.
По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Македонски







