
Скопјанец кој четири години било во бегство од затворот Идризово ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, информира Министерството за внатрешни работи.
Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го привела А.А.(54) од Скопје, кој бил баран со централна и меѓународна потерница по наредба на КПУ Идризово.
Како што информира МВР, А.А. е осуден на казна затвор од 10 години и пет месеци за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 ст.1, „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 ст.1 и „фалсификување исправа“ по чл. 378 ст.1 вв ст.1 од КЗ, а за доиздржување имал шест години и два месеци.
„А.А. на 05.02.2021 година бил пуштен на домашно отсуство, по што се дал во бегство“, соопшти МВР.