Skip to main content

Уапсен кичевец кој со секира ѝ се заканувал во двор во атарот на село Карбуница

На 02.12.2025 во 10:35 часот на улицата „Санде Штерјоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода В.С.(39) од Кичево.

Тој, претходно во двор во кичевското село Карбуница, со секира ѝ се заканувал на Н.А.(46) од истото село, соопшти МВР.

При извршен преглед над него е пронајден и одземен нож. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести