Skip to main content

Уапсен е жител на скопско Мирковци – фатен е како краде нафта од резервоар на училиште

Freepik

Уапсен е жител на скопско Мирковци, откако вчеравечер е затекнат како од резервоарот на основно училиште во селото Сандево одзема нафта, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 06.10.2025 година во 21:25 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје го лишија од слобода А.Ш. (41) од Скопје, поточно од скопското село Мирковци“се вели во соопштението од полицијата.

Полицијата го затекна во дворот на основно училиште во скопското село Сандево, како од резерворарот одзема нафта.

Извршен е увид и по документирање на случајот против скопјанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полицијата ја врати украдената нафта на одговорно лице во училиштето

Поврзани вести