
Турски државјанин е уапсен на автопатот „Пријателство“ поради возење автомобил со брзина од 203 километри на час, 83 километри повеќе од дозволената брзина, соопшти полицијата на Македонија.
Според соопштението, полицајците од Гевгелија турскиот државјанин Ј.Ц. (46) го привеле за пребрзо возење вчера во 15:00 часот на автопатот „Пријателство“ во близина на селото Милетково во Гевгелија, на југот од Македонија.
При контрола на сообраќајот со помош на радар, полицајците утврдиле дека Ј.Ц. управувал патничко возило „Мерцедес“ со германски регистарски таблички со брзина од 203 километри на час, на место каде што сообраќајниот знак ја ограничува брзината на 120 километри на час“, се прецизира.
Се додава дека тој турски возач е исклучен од сообраќај, дека јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство во Гевгелија е известен за тој настан и дека против него е поднесена соодветна пријава.

Македонски



