Skip to main content

Тројца млади скопјани излетале со возило кај Страцин

Возило излетало од пат вчера пред полноќ во кратовско. Повреденисе три млади лица од Скопје. 

– На 03.11.2025 околу 23:30 часот во ОВР Кратово е пријавено дека на магистралниот пат кај с.Страцин, кратовско, во близина на место викано „Чешмиче“, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(24) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговиот сопатник Н.Б.(24) од Скопје, додека со телесни повреди се здобила сопатничката Ј.П.(21) од Скопје, констатирани во Општата болница Куманово, известија од полицијата. 

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кратово.

Поврзани вести