Skip to main content

Три активни пожари во Македонија

ДЗС

Од евидентирани вкупно 19 пожари на отворен простор низ државава, до 18 часот денеска активни се три, а 16 се веќе изгаснати.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека активни пожари има во Општина Македонски Брод каде гори мешана шума во подрачјето на „Јасен“, во Општина Липково поточно во село Слупчане и во Парк шумата Водно, општина Центар, каде гори сува трева.

Пожарите кои се изгаснати се евидентирани во повеќе општини, меѓу кои Липково, Студеничани, Бутел, Гази Баба, Аеродром, Прилеп, Ресен, Струга, Дебар, Чашка, Штип, Кочани, Куманово и Јегуновце. Површини што биле опожарени се различни, од сува трева и ниска вегетација, преку мешана шума и грмушки, до стрништа и депонии со отпад.

Поврзани вести