
Вчера во 14.25 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на регионалниот пат Ресен-Стење, на влезот во с.Царев двор, патничко возило „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Ресен, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот, сопатникот С.М.(19) и малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник, сите од Ресен, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен.