Skip to main content

Тешко повредена Албанка во сообраќајка кај Меџитлија, уште три се со полесни повреди

Четири лица од Албанија, меѓу кои и малолетничка, се повредени во сообраќајна несреќа на патот Битола – Меџитлија, при што 47-годишна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди.

На 12.08.2025 во 14:41 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна малолетничка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Поврзани вести