
Двајца мажи на возраст од 42 и 46 години биле најдени починати денеска во Тетовско, а по првичниот увид е утврдено дека починале по природен пат.
Во 11.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска“ во угостителски објект бил пронајден починат Б.И.(46) од Тетово.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршија полициски екипи. Телото на починатиот е предадено на семејството, соопшти СВР Тетово.
Во 12.57 часот во СВР Тетово е пријавено дека на пат од село Сараќино кон село Фалише бил пронајден починат Н.М.(42) од село Сараќино. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршиле полициски екипи.