
Дваесет години се бавев со политика, а претходно правев згради. Бевме многу конфронтирани со тогашната влада и собирав потписи за реферндум за народот да се изјасни за Договорот со Бугарија, го започна својот исказ Љупчо Палевски-Палчо пред судот, каде денеска со неговото сведочење продолжува рочиштето за убиствата на Вања Ѓорчевска Панче Жежовски.
Демантирајќи дека има било каква врска со убиствата, Палевски рече дека поседувал и објавил важни информации за тоа како „ирански државјанин отворил сметка во Македонија, а во што улога има Оливер Спасовски“.
Проектот „крш муабети“ започна на 28 ноември, а требаше на 26-ти поради тоа што доцнеа некои документи кои што требаше да ги објавам. Објавив само мал ден кои беа поврзани со убиството на Никола Младенов, рече Палевски.
Неговиот адвокат Јовица Страшевски го праша „Дали се чуствуваш како монструм и убиец како што те прикажуваат?“
Ниту едното ниту друго. Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски се виновни за перење пари на ирански државјанин за продажба на дронови. Ова е морален атентат врз еден човек. Медиумите се комплетно корумпирани од банкарскиот сектор. Една година велат дека има докази. Додека бев во Турција адвокатот ми даде копија од вестите за да видам како ме прикажуваат. Вештачен е само телефонот на Жежовски, а сите други вештачења се правени отосле. Гоце Трајковски кој беше Шерлок Холмс во судот му праќал скрншотови на Каришиќ на инфлуеnсерки како Миа Костова и Мери Јордановскa дека јас сум очув на Вања. Тоа им го праќале на онаа багра позади. Такви лаги се истурени во огромна количина, раскажува Палевски.
За двете убиства
Не ги изршив грабнувањата и убиствата, немам мотиви. Хардискот со важни информации е во ОЈО. Можев да уценувам мијардери со „ферари“, но не го направив тоа, продолжи со теориите на заговор тој.