Skip to main content

Со закани по живот изнудувал пари од жена, требало да му ги предаде пред Онкологија

Freepik

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека во последните 2 месеца вршело кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, телефонски и преку пораки на различни апликации упорно контактирал жена во странство, и упатувал сериозни закани по нејзиниот и по животот на нејзините мајка и брат, доколку не му исплати 15.000 евра.

-На оштетената и дал рок до 26.09 за исплата на парите, па се договориле да му испрати 500 евра по Вестерн унион, што таа го направила на 17 септември. За исплата на дополнителни 4.500 евра требало да дојде во земјава и да му ги предаде пред Клиниката за онкологија, информира Обвинителството.

Кога пристигнала во земјава на 25 септември оштетената веднаш го пријавила. Штом дошол на договореното место да ги земе парите, осомничениот 37-годишник бил приведен.

Имајќи ги предвид сите околности, опасноста од бегство, можноста да влијае врз сведоците и оштетените или да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.

Поврзани вести