
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(34) од с.Градиште, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно дете“ по член 201 од Кривичниот законик.
На 08.02.2025 во атар на с.Кучкарево, кумановско, пријавениот под дејство на алкохол управувал трактор, на кој го превезувал неговото 12 – годишно дете, а кое останало подолг период на ниски температури и на тој начин го ризикувал неговото здравје, соопшти МВР.