Skip to main content

Седум активни пожари во државава

На територијата на државата се евидентирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои – седум се активни, два се под контрола, додека шест се изгаснати, наведува Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во Општина Василево – с. Нивичино, Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница, Општина Македонски Брод 2 (реактивиран) – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа, Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, Струга – помеѓу селата Октиси и Белица, Општина Ресен – с. Покрвеник и Маврово-Ростуше – с. Дуф.

Како што информира ЦУК под контрола се два пожари – Општина Желино – с. Желино кон Еребино – планина Жеден и Општина Велес – кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци.

Изгаснати се шест пожари – Општина Студеничани – с. Студеничани, Крушево – с. Селце, Македонски Брод – с. Слатина, м.в. Стојанова Населба, Општина Куманово – Градиште, Општина Липково – с. Слупчане и Општина Ранковце – с. Петралица.

Поврзани вести