Skip to main content

Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, велат од полицијата 

Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, потврдија денеска за МИА од Секторот за внатрешни работи Велес. Оттаму рекоа дека ги преземаат сите мерки и активности за негово  пронаоѓање. 

Во петокот, од СВР Велес рекоа за МИА дека во четвртокот вечерта, неговиот татко  пријавил дека син му се оддалечил од домот. 

Во четвртокот вечерта во 18 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија тогаш од Секторот за внатрешни работи Велес. 

Во изминативе денови на социјалната мрежа Фејсбук има повици за пронаоѓање на 28-годишниот М.Т., кој последен пат бил забележан во кавадаречкото село Марена. Според семејството, заминал на работа во Кавадарци облечен во работничка опрема со црн елек. 

Како што објави „Фокус“, неговиот мобилен телефон бил пронајден покрај реката Луда Мара, помеѓу Глишиќ и Марена, односно во близина на локацијата позната како Три багрема.

Поврзани вести