
Попладнево, на раскрсницата кај „Веро“ во Аеродром, на Булевар „Јане Сандански“ во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која, според очевидци, повредена е една жена.

Во судирот учестувале „киа пиканто“ и „адуи А3“, при што автомобилот „киа пиканто“ се превртел. Жената од автомобилот со возило на „Брза помош“ била пренесена во болница.

На местото на несреќата има „Брза помош“ и возило на Противпожарна заштита.
Повеќе детели се очекуваат од МВР.
